ТОПЛО ДИМЕНА ФИЛЕТА ОД ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 150 гр топло димена филета од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • две свежи пиперки (зелена и црвена)
  • шери домати (количина по желба)
  • црвен бибер во топчиња
  • 1 лимон
  • 1 гранче рузмарин
ПОДГОТОВКА

Топло димената филета од лосос пастрмка е готов производ за конзумирање. Филетата се одмрзнува и се подготвува по вкус.

Во овој рецепт, одмрзнатата филета се сервира со свежа зелена и црвена пиперка, шери домат и лимон. За уште подобар вкус може да се декорира со гранче рузмарин, мајчина душица или со било кој друг зелен зачин.

За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

ЗЕЛЕНА САЛАТА СО ЛАДНО ДИМЕНИ СЛАЈСОВИ ОД ЛОСОС ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 100 гр ладно димени слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • зелена салата од марула
  • шери домати
  • сусам
ПОДГОТОВКА

Најпрво, марулата се сецка за да се добие зелена салата. потоа, шери доматите се сецкаат на пола и се додаваат во веќе подготвената зелена салата.

Откако ќе ја припремаме салатата, ладно димените слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ се сечат на помали парчиња и се додаваат.

За крај, рецептот се посипува со сусам.

На брз и едноставен начин на вашата трпеза ќе добиете свежа, здрава и превкусна салата со уникатните домашни производи на рРОЈАЛ ФИШ

Рецепт полн со витамини!

БРУСКЕТИ ОД ЛАДНО ДИМЕНИ СЛАЈСОВИ ОД ЛОСОС ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 100 гр ладно димени слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • 1/2 кромид
  • 1 домат
  • леб
  • рузмарин
ПОДГОТОВКА

Најпрво кромидот и доматот се сецкаат на ситни парчиња. Ладно димените слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ исто така се сечат на мали парчиња. Се прави смеса со претходно подготвените состојки.

Во меѓувреме се сечат парчиња леб во форма на мали триаголници.

Подготвената смеса се нанесува рамномерно на сите парчиња леб и на крај се декорира со гранчиња рузмарин или друг зелен зачин по избор.

Пробајте ги прекрасните и превкусните брускети со производот РОЈАЛ ФИШ. Ќе бидете изненадени од уникатниот вкус.

За потполно уживање, сервирајте ги со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

ЛАДНО ДИМЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

СОСТОЈКИ
  • 200 гр ладно димена обескостена филета од крап на РОЈАЛ ФИШ
  • 100 гр павлака за готвење
  • пченка
  • шери домат
  • 1/4 лимон
  • лук
  • сол
  • црн бибер
ПОДГОТОВКА

Ладно димената и обескостена филета од крап се потпекува на скара.

Во меѓувреме во блендер се става павлаката за готвење. Се додава 1 чешне лук, сол, црн бибер, и една голема лажица сок од лимон.

Сето ова се блендира и се добива сос.

Филетата од крап се премачкува со добиениот сос и се декорира со шери домат, пченка и лимон. Како крајна декорација се става гранче рузмарин.

За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

КАНАПЕИ ОД ЛАДНО ДИМЕНИ СЛАЈСОВИ ОД ЛОСОС ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 100 гр ладно димени слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • павлака
  • краставица
  • кружно исечени парчиња леб
  • морков
ПОДГОТОВКА

Се формираат кружните лепчиња со помош на кружни калапи.

На веќе формираните лепчиња се става краставица која претходно е исечена на кругови. Врз краставицата се додава павлака.

Кога сето ова е подготвено, како круна се ставаат готовите слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ. Како декорација се користи морков кој претходно се ренда и се распоредува на порцијата.

На крајот се добиваат вкусни канапеи кои се добри за очи, а уште поубави на вкус.

ПЕЧЕНА ФИЛЕТА ОД ЛОСОС ПАСТРМКА НА СКАРА

СОСТОЈКИ
  • 150 гр свежо обескостена филета од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • цвекло
  • 1 чешне лук
  • пченка
  • 1/2 лимон
  • шери домати
  • 2-3 маслинки
  • 1/4 свежа, црвена пиперка
  • сенф
ПОДГОТОВКА

Свежата обескостена филета од лосос пастрмка се потпекува на скара. Во меѓувреме, цвеклото се обарува.

Потоа, во блендер се става обареното цвекло заедно со едно чешне лук, една кафена лажица сенф, малку сол, црн бибер и мало филџанче вода. Сите состојки се блендираат додека не се добие густа смеса.

Вака подготвеното песто од цвекло се сервира со печената риба.

На крај, порцијата се декорира со маслинки, шери домати, лимон и свежа, црвена пиперка.

За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

ПЕЧЕНА КАЛИФОРНИСКА ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 1 калифорниска пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • шери домат
  • морков
  • компир
  • црвена пиперка
  • лимон
  • 5-6 чешниња лук
  • маслинов зејтин
  • 3 големи лажици кисело млеко
ПОДГОТОВКА

Калифорниската пастрмка се пече на плотна. Откако рибата се вади од плотната, се ставаат претходно исецканите морков, пиперка, домат и компир, се потпекуваат и се зачинуваат со сол и црн бибер.

Сосот се подготвува на начин што во блендер се додаваат чешнињата лук, киселото млеко, 1 супена лажица маслинов зејтин и сол. Сето се блендира и се добива бел сос.

Печената пастрмка се сервира со добиениот бел сос и со печениот зеленчук. Сервирајте ја порцијата со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

РОЛОВАНА ФИЛЕТА ОД СВЕЖА ЛОСОС ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 150 гр свежа обескостена филета од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • 200 гр павлака за готвење
  • 1/2 авокадо
  • 100 гр грашок
  • пченка
  • шери домат
  • 1/2 лимон
  • 1 гранче мајчина душица
  • 25 гр путер
ПОДГОТОВКА

Свежата обескостена филета од лосос пастрмка најпрво се потпекува на скара. Во блендер се става павлаката за готвење, се додава 100 гр грашок и авокадото. Потоа се зачинува со сол и црн бибер и на крај се додава 25 гр путер. Сите состојки се блендираат.

Во меѓувреме, испечената филета од пастрмка се оформува односно се витка или ролува.

Се сервира заедно со добиениот зелен сос и се декорира со шери домат, лимон и гранче мајчина душица.

Препуштете им се на сетилата за вкус и уживајте!

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: