МАЛИ КАЛАПИ СО ЈАЈЦА, ЛАДНО ДИМЕНА ПАСТРМКА И КОЗЈО СИРЕЊЕ

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
  • 8 големи јајца
  • 4 парчиња ладно димена пастрмка
  • 120 гр козјо сирење
  • 20 cl крем за готвење
  • 1 китка копар
  • Сол, црн пипер, и по желба масло од тартуф

ПОДГОТОВКА

Подготовка на состојките:
Ладно димената пастрмка исечкајте ја на ленти и сочувајте 4 ленти за декорација. Козјото сирење исечкајте го на мали коцки.

Подгревање на кремот:
Во тенџере, загрејте го кремот за готвење со коцките козјо сирење на средна температура, околу 5 минути, редовно мешајќи.

Составување на порциите:
Поделете ги лентите од пастрмката и кремот во 4 калапи. Во секој калап скршете по 2 јајца и зачинете со сол и бибер по вкус.

Печење:
Печете ги калапите во претходно загреана рерна на 180°C, 12-15 минути, додека белката не се стегне.

Сервирање:
Украсете ги калапите со ленти од пастрмка, гранчиња копар, и по желба, малку црн пипер и сол. За гарнир, послужете парчиња тост леб и неколку капки масло од тартуф.

Добар апетит!

ЈАЈЦА БЕНЕДИКТ СО ЛАДНО ДИМЕНА ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ:
  • 4 парчиња тост леб
  • 1 китка власец
  • 4 јајца
  • 2 жолчки
  • 150 гр солен путер
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 4 листови ладно димена пастрмка
  • 2 лажици бел оцет


ПОДГОТОВКА

Поширање на јајцата:
Во тенџере загрејте 2 литри вода и додадете бел или алкохолен оцет. Кршете ги јајцата едно по едно во чаша и внимателно спуштете ги во тивко зовриената вода. Варете 2 минути, па извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на чинија подмачкана со малку масло.

Подготовка на сосот:
Во длабок сад ставете ги 2 жолчки со 4 лажици вода и убаво матете на тивок оган додека не добијат кремаста текстура. Тргнете од оган и додајте го путерот исечен на коцки, постојано матејќи (во форма на осмица за да добиете убав крем). Додадете го сокот од лимон и оставете го сосот на собна температура.

Тостирање на лебот:
Исечете ги корките од тост лебот или обликувајте го со округол калап. Подпечете ги парчињата во тостер.

Сервирање:
На секое парче тостиран леб ставете лист чадена пастрмка, потоа по едно поширано јајце. Одозгора прелијте со подготвениот сос и украсете со сецкан власец.

Послужете веднаш.

Добар аптетит!

КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО ОВЧО СИРЕЊЕ И ДИМЕН КРАП

СОСТОЈКИ (за 6 лица):
  • 6 средни компири
  • 300 гр чаден крап
  • 300 гр овчо сирење
  • 20 cl крем за готвење
  • 1 китка копар
  • 1 лимета
  • Сол, црн пипер, кари


ПОДГОТОВКА

Подготовка на компирите:
Измијте ги и исчистете ги компирите. Варете ги во тенџере со зовриена солена вода.
Оставете да се варат 10 минути по повторното зовривање на водата, потоа исцедете ги
и оставете ги во тенџерето.

Приготовка на филот:
Во сад, измешајте крем за готвење, овчо сирење и кари со ситно сечкан копар за да
добиете смеса во вид на фил.

Подготовка на компирите за полнење:
Наредете ги компирите на чинија за сервирање. Засечете ги компирите и издлабете ги
во средината, оставувајќи место за полнење. Издлабениот компир измешајте го со
подготвениот фил. Со две лажици полнете ги компирите.

Печење:
Одозгора, ставете ленти чаден крап. Подготвените полнети компири ставете ги во
загреана рерна и печете ги на грил околу 5 минути или 10 минути на 220°C за да се
гратинираат.

Сервирање:
Сервирајте ги компирите декорирани со копар, парче лимета и зачинете со сол и црн
пипер.

Добар апетит!

САЛАТА ОД ЦИТРУС, АВОКАДО, РОЗОВИ РАКЧИЊА И ТОПЛО ДИМЕНА ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
  • 4 парчиња ладно димена пастрмка
  • 14 розови ракчиња (замрзнати)
  • 1 грејпфрут
  • 1 портокал
  • 1/2 црвен кромид
  • 1 авокадо
  • Микс од млада салата
  • Власец
  • Црвен пипер
  • 1 лажиче сенф
  • Маслиново масло
  • Сол, црн пипер по вкус

ПОДГОТОВКА:

Подготовка на пастрмката и ракчињата:
Исечете ги парчињата пастрмка на мали коцки. Целосно излупете ги ракчињата (ако се купени свежи).

Подготовка на цитрусите:
Излупете го грејпфрутот и портокалот, отстранете ги мембраните и исечете ги на парчиња.

Подготовка на останатите состојки:
Ситно исечкајте го црвениот кромид и исечкајте го власецот. Авокадото исечете го на половина, извадете ја кората и исечете го на ленти.

Наредување на салатата:
На две чинии наредете микс од млада салата, парчиња авокадо, ракчиња, парчиња од претходно излупените портокал и грејпфрут, црвен кромид и на крај коцките од димена пастрмка.

Декорација:
Декорирате со исецкан власец и малку црвен пипер.

Подготовка на сосот:
Во сад додадете го сокот од цитрусите, сол, малку бибер, сенф и 5 лажици маслиново масло. Добро измешајте за да добиете едноличен сос.

Послужување:
Лесно посипете го сосот врз салатата и послужете веднаш.

Добар апетит!

ПАКЕТИ (ПАПИЈОТ) СО ФИЛЕТА ОД ОБЕСКОСТЕНА СВЕЖА ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ (за 2 порции):
  • 2 филети од обескостена свежа пастрмка
  • 1 китка млад кромид
  • 1 портокал
  • 1 црвен кромид
  • 1 морков
  • Чери домати
  • Свежи зачински тревки по вкус (босилек, рузмарин,
    мајчина душица, копар или власец)


ПОДГОТОВКА:

Подготовка на хартијата за печење:
Во хартија за печење, поставете ги следниве состојки: млад кромид сечен на половина, портокал сечен на кругови, филет од обескостена пастрмка пресечен на половина (на косо), тенко сечени кругови од морков, чери домати, свежи зачински тревки, сол, црн пипер и малсиново масло.

Формирање на пакети:
Завиткајте ги сите состојки во хартијата за печење и затворете ја убаво во вид на пакет.

Печење:
Ставете го пакетираната пастрмка во претходно загреана рерна на 180°C и печете 12-15 минути.

Сервирање:
Кога ќе биде готово, отворете го пакетираната риба и сервирајте ја на тањир. По
желба, може да додадете варен компир како гарнир.

Добар апетит!

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: