
СОСТОЈКИ:
- 4 парчиња тост леб
- 1 китка власец
- 4 јајца
- 2 жолчки
- 150 гр солен путер
- 1 лажица масло
- 1 лажица сок од лимон
- 4 листови ладно димена пастрмка
- 2 лажици бел оцет
ПОДГОТОВКА
Поширање на јајцата:
Во тенџере загрејте 2 литри вода и додадете бел или алкохолен оцет. Кршете ги јајцата едно по едно во чаша и внимателно спуштете ги во тивко зовриената вода. Варете 2 минути, па извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на чинија подмачкана со малку масло.
Подготовка на сосот:
Во длабок сад ставете ги 2 жолчки со 4 лажици вода и убаво матете на тивок оган додека не добијат кремаста текстура. Тргнете од оган и додајте го путерот исечен на коцки, постојано матејќи (во форма на осмица за да добиете убав крем). Додадете го сокот од лимон и оставете го сосот на собна температура.
Тостирање на лебот:
Исечете ги корките од тост лебот или обликувајте го со округол калап. Подпечете ги парчињата во тостер.
Сервирање:
На секое парче тостиран леб ставете лист чадена пастрмка, потоа по едно поширано јајце. Одозгора прелијте со подготвениот сос и украсете со сецкан власец.
Послужете веднаш.
Добар аптетит!

