ЛАДНО ДИМЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

СОСТОЈКИ
  • 200 гр ладно димена обескостена филета од крап на РОЈАЛ ФИШ
  • 100 гр павлака за готвење
  • пченка
  • шери домат
  • 1/4 лимон
  • лук
  • сол
  • црн бибер
ПОДГОТОВКА

Ладно димената и обескостена филета од крап се потпекува на скара.

Во меѓувреме во блендер се става павлаката за готвење. Се додава 1 чешне лук, сол, црн бибер, и една голема лажица сок од лимон.

Сето ова се блендира и се добива сос.

Филетата од крап се премачкува со добиениот сос и се декорира со шери домат, пченка и лимон. Како крајна декорација се става гранче рузмарин.

За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: