ЦРНА РЕКА, ДЕМИР ХИСАР
Првиот рибник за производство на пастрмка е лоциран на 4 км од изворот на Црна Река во Демир Хисар, РС Македонија.
Годишното производство изнесува 250 тони конзумна пастрмка. Уникатноста на овој објект го карактеризира специфичната местоположба со 700 метри надморска висина. Чистиот воздух и прекрасната природа се само мал дел од восхитувачката убавина на оваа локација.
Севкупните природни влијанија, надморската висина од 700 метри и локацијата на фармата која е во непосредна близина на изворот на реката, придонесуваат за континуирано и беспрекорно производство на пастрмка во текот на целата година.
РЕКА ДОШНИЦА, ДЕМИР КАПИЈА
Вториот рибник за производство на пастрмка е лоциран на Река Дошница, Демир Капија, РС Македонија.
Годишното производство изнесува 150 тони конзумна пастрмка. Лоциран е во непосредна близина на Демир Капија на локалитет Дошница. Оваа фарма за пастрмка која е во близина на ХЕЦ Дошница користи високо-збогатени води со кислород за производство на единствени пастрмки по вкус и квалитет.
Кристално чистите води на Река Дошница кои се неопходни за беспрекорниот квалитет на нашите производи извираат од Кожув Планина, од место наречено „Момина Чука“ на 1800 метри надморска висина. Недопрени од човечка рака, патуваат триесеттина км до нашата фарма.
ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
Третиот рибник за производство на крап се наоѓа на Тиквешко Езеро во РС Македонија. Годишното производство изнесува 100 тони крап.
Начинот на производство се карактеризира со долгогодишно одгледување на конзумната риба за да се добие посакуваниот квалитет и структура на крапот.
Овој рибник е приказна сам за себе. Опкружен е со воодушевувачки пејсаж и небесно плави води.