Производи

Погледнете ја палетата на ладно димени, топло димени, свежо-замрзнати и обескостени производи на РОЈАЛ ФИШ, погодни за припрема по избор на секој конзумент.


СЛАЈСОВИ ОД ДИМЕНА ПАСТРМКА

СЛАЈСОВИ ОД ДИМЕНА ПАСТРМКА

Готов производ за конзумирање.

Димен на дабов чипс.

Идеите се безбројни, а производот погоден за сервирање на превкусни закуски и салати.

ТОПЛО ДИМЕНА ПАСТРМКА

ТОПЛО ДИМЕНА ПАСТРМКА

Готов производ за конзумирање.

Обескостен.

Потребно е само одмрзнување, а останатото е препуштено на фантазијата на конзументот.

Погоден за припрема на брзи, а воедно здрави и вкусни јадења.

ОБЕСКОСТЕНА ФИЛЕТА ОД ПАСТРМКА

ОБЕСКОСТЕНА ФИЛЕТА ОД ПАСТРМКА

Најпрецизно филетирани, свежи и обескостени филети, погодни за припрема по избор на секој конзумент.

ТОПЛО ДИМЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

ТОПЛО ДИМЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

Готов производ за конзумирање.

Обескостен.

Потребно е само одмрзнување, а останатото е
препуштено на фантазијата на конзументот.

ЛАДНО ДИМЕНА ОБЕСКОСТЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

ЛАДНО ДИМЕНА ОБЕСКОСТЕНА ФИЛЕТА ОД КРАП

Полу-готов производ, претходно обескостен кој бара мала доработка, односно 10-15 мин во рерна или тавче.

СВЕЖА ИСЧИСТЕНА И ЗАМРЗНАТА ПАСТРМКА

СВЕЖА ИСЧИСТЕНА И ЗАМРЗНАТА ПАСТРМКА

Свежа исчистена и замрзната пастрмка.

Пастрмката по нејзиното изловување машински се чисти, по што веднаш се пакува и замрзнува.

 

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: