СОСТОЈКИ (за 2 порции):
- 2 филети од обескостена свежа пастрмка
- 1 китка млад кромид
- 1 портокал
- 1 црвен кромид
- 1 морков
- Чери домати
- Свежи зачински тревки по вкус (босилек, рузмарин,
мајчина душица, копар или власец)
ПОДГОТОВКА:
Подготовка на хартијата за печење:
Во хартија за печење, поставете ги следниве состојки: млад кромид сечен на половина, портокал сечен на кругови, филет од обескостена пастрмка пресечен на половина (на косо), тенко сечени кругови од морков, чери домати, свежи зачински тревки, сол, црн пипер и малсиново масло.
Формирање на пакети:
Завиткајте ги сите состојки во хартијата за печење и затворете ја убаво во вид на пакет.
Печење:
Ставете го пакетираната пастрмка во претходно загреана рерна на 180°C и печете 12-15 минути.
Сервирање:
Кога ќе биде готово, отворете го пакетираната риба и сервирајте ја на тањир. По
желба, може да додадете варен компир како гарнир.
Добар апетит!