МАЛИ КАЛАПИ СО ЈАЈЦА, ЛАДНО ДИМЕНА ПАСТРМКА И КОЗЈО СИРЕЊЕ

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
  • 8 големи јајца
  • 4 парчиња ладно димена пастрмка
  • 120 гр козјо сирење
  • 20 cl крем за готвење
  • 1 китка копар
  • Сол, црн пипер, и по желба масло од тартуф


ПОДГОТОВКА

Подготовка на состојките:
Ладно димената пастрмка исечкајте ја на ленти и сочувајте 4 ленти за декорација. Козјото сирење исечкајте го на мали коцки.

Подгревање на кремот:
Во тенџере, загрејте го кремот за готвење со коцките козјо сирење на средна температура, околу 5 минути, редовно мешајќи.

Составување на порциите:
Поделете ги лентите од пастрмката и кремот во 4 калапи. Во секој калап скршете по 2 јајца и зачинете со сол и бибер по вкус.

Печење:
Печете ги калапите во претходно загреана рерна на 180°C, 12-15 минути, додека белката не се стегне.

Сервирање:
Украсете ги калапите со ленти од пастрмка, гранчиња копар, и по желба, малку црн пипер и сол. За гарнир, послужете парчиња тост леб и неколку капки масло од тартуф.

Добар апетит!

Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: