КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО ОВЧО СИРЕЊЕ И ДИМЕН КРАП

СОСТОЈКИ (за 6 лица):
  • 6 средни компири
  • 300 гр чаден крап
  • 300 гр овчо сирење
  • 20 cl крем за готвење
  • 1 китка копар
  • 1 лимета
  • Сол, црн пипер, кари


ПОДГОТОВКА

Подготовка на компирите:
Измијте ги и исчистете ги компирите. Варете ги во тенџере со зовриена солена вода.
Оставете да се варат 10 минути по повторното зовривање на водата, потоа исцедете ги
и оставете ги во тенџерето.

Приготовка на филот:
Во сад, измешајте крем за готвење, овчо сирење и кари со ситно сечкан копар за да
добиете смеса во вид на фил.

Подготовка на компирите за полнење:
Наредете ги компирите на чинија за сервирање. Засечете ги компирите и издлабете ги
во средината, оставувајќи место за полнење. Издлабениот компир измешајте го со
подготвениот фил. Со две лажици полнете ги компирите.

Печење:
Одозгора, ставете ленти чаден крап. Подготвените полнети компири ставете ги во
загреана рерна и печете ги на грил околу 5 минути или 10 минути на 220°C за да се
гратинираат.

Сервирање:
Сервирајте ги компирите декорирани со копар, парче лимета и зачинете со сол и црн
пипер.

Добар апетит!

Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: