Рибници

Пастрмката и крапот на РОЈАЛ ФИШ се одгледувани во кристалните води на Река Дошница, Црна Река и Тиквешко езеро во РС Македонија. Нашите почетоци како одгледувачи на пастрмка и крап датираат од 1998 година. Секој од рибниците е лоциран во прекрасна природа. Нашиот тим се состои од професионалци кои работат по најсовремени методи и врвни технологии.

Во продолжение можете да ги видите живописните слики со уште поживописните фарми за риба каде се произведуваат најквалитетните премиум производи на РОЈАЛ ФИШ.


ЦРНА РЕКА, ДЕМИР ХИСАР

Првиот рибник за производство на пастрмка е лоциран на 4 км од изворот на Црна Река во Демир Хисар, РС Македонија.

Годишното производство изнесува 250 тони конзумна пастрмка. Уникатноста на овој објект го карактеризира специфичната местоположба со 700 метри надморска висина. Чистиот воздух и прекрасната природа се само мал дел од восхитувачката убавина на оваа локација.

Севкупните природни влијанија, надморската висина од 700 метри и локацијата на фармата која е во непосредна близина на изворот на реката, придонесуваат за континуирано и беспрекорно производство на пастрмка во текот на целата година.


РЕКА ДОШНИЦА, ДЕМИР КАПИЈА

Вториот рибник за производство на пастрмка е лоциран на Река Дошница, Демир Капија, РС Македонија.

Годишното производство изнесува 150 тони конзумна пастрмка. Лоциран е во непосредна близина на Демир Капија на локалитет Дошница. Оваа фарма за пастрмка која е во близина на ХЕЦ Дошница користи високо-збогатени води со кислород за производство на единствени пастрмки по вкус и квалитет.

Кристално чистите води на Река Дошница кои се неопходни за беспрекорниот квалитет на нашите производи извираат од Кожув Планина, од место наречено „Момина Чука“ на 1800 метри надморска висина. Недопрени од човечка рака, патуваат триесеттина км до нашата фарма.


ТИКВЕШКО ЕЗЕРО

Третиот рибник за производство на крап се наоѓа на Тиквешко Езеро во РС Македонија. Годишното производство изнесува 100 тони крап.

Начинот на производство се карактеризира со долгогодишно одгледување на конзумната риба за да се добие посакуваниот квалитет и структура на крапот.

Овој рибник е приказна сам за себе. Опкружен е со воодушевувачки пејсаж и небесно плави води.

Нашата приказна

Нашето патување започна во 2003 година со основањето на нашата компанија, Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на пастрмка и крап. Денес работиме со три рибници – две за производство на пастрмка, лоцирани на реката Дошница во Демир Капија и реката Црна во Демир Хисар, Република Северна Македонија. Нашето годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ поставува меѓу најголемите производители на Калифорниска пастрмка во земјата. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро, каде се произведува крап во кафезен систем, со годишно производство од 80 тони.

Долго време тлееше идејата за следниот чекор – да го унапредиме нашето производство со нови и софистицирани производи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди и технологија. Но, секоја идеја станува реалност доколку има упорност, посветеност и љубов кон работата. И успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: