Продажба
Пастрмката и крапот на РОЈАЛ ФИШ се одгледувани во свежите планински води, преработени по методи кои обезбедуваат постојаност, квалитет, како и врвен вкус. Секој производ е припреман со природна сол и дел од нив се внимателно димени со дабов чипс. Откако ќе се издимат, филетите се вакумираат и се пакуваат.
Производите на РОЈАЛ ФИШ можат да се најдат во маркети и ресторани.
За угостителска дејност имаме специјални понуди со палета на производи. Ги спремаме производите во однос на тежина и пакување во зависност од барањата на клиентите.
Доколку сте заинтересирани за соработка или имате било какво прашање, ве молиме контактирајте нѐ.