СОСТОЈКИ
- 100 гр ладно димени слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
- павлака
- краставица
- кружно исечени парчиња леб
- морков
ПОДГОТОВКА
Се формираат кружните лепчиња со помош на кружни калапи.
На веќе формираните лепчиња се става краставица која претходно е исечена на кругови. Врз краставицата се додава павлака.
Кога сето ова е подготвено, како круна се ставаат готовите слајсови од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ. Како декорација се користи морков кој претходно се ренда и се распоредува на порцијата.
На крајот се добиваат вкусни канапеи кои се добри за очи, а уште поубави на вкус.
Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!