СОСТОЈКИ
- 200 гр ладно димена обескостена филета од крап на РОЈАЛ ФИШ
- 100 гр павлака за готвење
- пченка
- шери домат
- 1/4 лимон
- лук
- сол
- црн бибер
ПОДГОТОВКА
Ладно димената и обескостена филета од крап се потпекува на скара.
Во меѓувреме во блендер се става павлаката за готвење. Се додава 1 чешне лук, сол, црн бибер, и една голема лажица сок од лимон.
Сето ова се блендира и се добива сос.
Филетата од крап се премачкува со добиениот сос и се декорира со шери домат, пченка и лимон. Како крајна декорација се става гранче рузмарин.
За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.
Имајте добар апетит!
Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!