СОСТОЈКИ
- 150 гр топло димена филета од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
- две свежи пиперки (зелена и црвена)
- шери домати (количина по желба)
- црвен бибер во топчиња
- 1 лимон
- 1 гранче рузмарин
ПОДГОТОВКА
Топло димената филета од лосос пастрмка е готов производ за конзумирање. Филетата се одмрзнува и се подготвува по вкус.
Во овој рецепт, одмрзнатата филета се сервира со свежа зелена и црвена пиперка, шери домат и лимон. За уште подобар вкус може да се декорира со гранче рузмарин, мајчина душица или со било кој друг зелен зачин.
За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.
Имајте добар апетит!
Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!