За нас

Нашата приказна


Нашето патување и приказна започна во 2003 година кога се роди нашата компанија Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на риба од видот пастрмка и крап.

Ние располагаме со три рибници од кои два се за производство на пастрмка и се лоцирани на река Дошница во Демир Капија и на река Црна во Демир Хисар во Република Северна Македонија. Вкупно годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ прави едни од најголемите производители на Калифорниска пастрмка во нашата држава. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро каде во кафезен систем на одгледување се произведува крап со 80 тони годишно производство.

Долго време тлееше идејата за чекор понапред, односно нашето производство да го унапредиме со нови и софистицирани производи по најсовремени стандарди и врна светска технологија.

Секоја идеја води до реализација доколку постои упорност, посветеност и љубов кон работата. И… успеавме!

Направивме производи кои се карактеризираат со врвен квалитет и луксузен дизајн а вкусот…? Вкусот е приказна за која зборуваат нашите задоволни клиенти.

Исполнети со јасна визија успеавме да направиме светски производи по нај висока технологија и знаење. И сето тоа под брендот РОЈАЛ ФИШ.

И на крајот она што е најважно, секој производ потекнува од наше сопствено производство на свежа риба што значи свежата риба се лови, веднаш се преработува, се пакува и нашите клиенти добиваат свеж, квалитетен и највкусен производ.

Нашата приказна

Нашето патување и приказна започна во 2003 година кога се роди нашата компанија Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на риба од видот пастрмка и крап. Ние располагаме со три рибници од кои два се за производство на пастрмка и се лоцирани на река Дошница во Демир Капија и на река Црна во Демир Хисар во Република Северна Македонија. Вкупно годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ прави едни од најголемите производители на Калифорниска пастрмка во нашата држава. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро каде во кафезен систем на одгледување се произведува крап со 80 тони годишно производство.

Долго време тлееше идејата за чекор понапред, односно нашето производство да го унапредиме со нови и софистицирани производи по најсовремени стандарди и врна светска технологија. Секоја идеја води до реализација доколку постои упорност, посветеност и љубов кон работата. И, успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: