ПЕЧЕНА КАЛИФОРНИСКА ПАСТРМКА

СОСТОЈКИ
  • 1 калифорниска пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
  • шери домат
  • морков
  • компир
  • црвена пиперка
  • лимон
  • 5-6 чешниња лук
  • маслинов зејтин
  • 3 големи лажици кисело млеко
ПОДГОТОВКА

Калифорниската пастрмка се пече на плотна. Откако рибата се вади од плотната, се ставаат претходно исецканите морков, пиперка, домат и компир, се потпекуваат и се зачинуваат со сол и црн бибер.

Сосот се подготвува на начин што во блендер се додаваат чешнињата лук, киселото млеко, 1 супена лажица маслинов зејтин и сол. Сето се блендира и се добива бел сос.

Печената пастрмка се сервира со добиениот бел сос и со печениот зеленчук. Сервирајте ја порцијата со чаша бело вино по ваш избор.

Имајте добар апетит!

Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!

Нашата приказна

Нашето патување и приказна започна во 2003 година кога се роди нашата компанија Дошница ДООЕЛ. Започнавме со производство на риба од видот пастрмка и крап. Ние располагаме со три рибници од кои два се за производство на пастрмка и се лоцирани на река Дошница во Демир Капија и на река Црна во Демир Хисар во Република Северна Македонија. Вкупно годишно производство на пастрмка изнесува 320 тони, што нѐ прави едни од најголемите производители на Калифорниска пастрмка во нашата држава. Третиот рибник е лоциран на Тиквешко езеро каде во кафезен систем на одгледување се произведува крап со 80 тони годишно производство.

Долго време тлееше идејата за чекор понапред, односно нашето производство да го унапредиме со нови и софистицирани производи по најсовремени стандарди и врна светска технологија. Секоја идеја води до реализација доколку постои упорност, посветеност и љубов кон работата. И, успеавме…

повеќе

Станете дел од нашата Royal листа за вкусни рецепти, понуди и новости!


Следете нѐ: