СОСТОЈКИ
- 150 гр свежо обескостена филета од лосос пастрмка на РОЈАЛ ФИШ
- цвекло
- 1 чешне лук
- пченка
- 1/2 лимон
- шери домати
- 2-3 маслинки
- 1/4 свежа, црвена пиперка
- сенф
ПОДГОТОВКА
Свежата обескостена филета од лосос пастрмка се потпекува на скара. Во меѓувреме, цвеклото се обарува.
Потоа, во блендер се става обареното цвекло заедно со едно чешне лук, една кафена лажица сенф, малку сол, црн бибер и мало филџанче вода. Сите состојки се блендираат додека не се добие густа смеса.
Вака подготвеното песто од цвекло се сервира со печената риба.
На крај, порцијата се декорира со маслинки, шери домати, лимон и свежа, црвена пиперка.
За потполно уживање, оваа вкусна порција исполнета со омега 3 масни киселини, сервирајте ја со чаша бело вино по ваш избор.
Имајте добар апетит!
Споделете го овој рецепт со вашите пријатели!